FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 98 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 4 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

98 – Поминаа 20 години откако Франција победи на Светското Првенство како домаќин. Во 1998 година, капитенот Дидие Дешамп и неговите триколори ја освоија нивната прва светска титула и со тоа станаа шестиот тим кој го крена трофејот пред домашната публика после Уругвај (1930), Италија (1934), Англија (1966), Германија (1974) и Аргентина (1978).



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2018 23:26