FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 97 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 4 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

97 е бројот на голови постигнати во рамки на шеснаесетникот за времетраењето на FIFA Светското првенство во Бразил во 2014 година, што е еднакво на приближно 57 % од вкупниот број на постигнати голови (171) во текот на првенството. Иако поголемиот број на голови беа постигнати во рамки на шеснаесетникот, сепак за најубав гол беше прогласен оној на Хамес Родригез, постигнат против Уругвај. Овој гол, повеќе од четири милиони фанови на ФИФА го прогласија за еден од најубавите голови на светските првенства. Подоцна, Хамес Родригез ја освои и „златната копачка“ за најдобар стрелец на првенството во Бразил со 6 постигнати голови на 5 натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2018 23:41