FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 96 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 4 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

96 – бројот на Бразилски играчи кои можат себеси да се наречат светски шампиони. Меѓу многуте играчи кои славеле една од петте шампионски титули на Светските првенства е Кафу, кој го подигна престижниот трофеј во 2002 година. Поранешниот одбранбен играч е исто така најпопуларниот бразилски играч на светските првенства, со одиграни 20 меча, пред светските шампиони Роналдо (19 натпревари), Клаудио Тафарел и Дунга кои двајцата имаат одиграно по 18 натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2018 23:52