FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 95 дена до самиот старт!
За нешто помалку од 4 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.
Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
95 – Додека фудбалските фанови знаат дека еден фудбалски меч трае 90 минути, истотака се свесни дека натпреварот многу често знае да трае доста подолго. Во многу случаеви, кога одреден тим бил сигурен во својот триумф, буквално во последната минута победата им се извлекувала од раце – ваквиот пресврт на настаните е пак уште подраматичен кога станува збор за Светското првенство. Португалецот Варела и Италијанскиот напаѓач Франческо Тоти ја делат невообичаената чест да ги постигнат последните голови на Светските првенства, двајцата постигнувајќи ја целта во 95 минута. Првиот постигна гол со глава против САД пред 4 години кој резултираше натпреварот да заврши 2-2 уште во групната фаза од натпреварувањето, додека пак Тоти поентираше шутирајќи пенал против Австралија пред 8 години и со тоа ја однесе Италија во четврт финале продолжувајќи го маршот кон титулата.