FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 94 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 4 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

94 – FIFA Светското првенство кое се одржа во САД во 1994 година ќе биде запаметено не само по она што се случуваше на теренот, туку и поради фактот дека беше првото Светско првенство каде што почна да се практицира системот - три бода за победа, наместо два. Ваквата промена беше поттикната од желбата меѓу фановите за поатрактивен и подинамичен фудбал , поради што на Светското првенство се усвои систем кој бил воспоставен во англиската лига уште од 1981 година. Првенството во САД во 1994 година беше исто така првото Светско првенство каде на голманите им беше забранета игра со рака по вратена топка директно од страна на соиграчите, како и настан каде за прв пат имињата на играчите беа испечатени на задната страна на дресовите и помали броеви на предната страна на дресовите со цел радио и ТВ коментаторите полесно да ги идентификуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 00:04