FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 93 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 4 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.7

93- 1993 година e годината кога е роден Пол Погба, кој во 2014 година на Светското првенство Бразил се закити со признанието за најдобар млад играч. Со само 21 година, овој играч од средниот ред веќе беше ѕвезда на францускиот фудбал, претставувајќи се себеси на интернационалната сцена на У-20 Светското првенство во Турција во 2013 година. Неговата раскошна техника и смиреноста со топката им помогна на триколорите да стигнат до титулата на овој младински шампионат, а Погба се закити со Златната топка откако беше прогласен за најдобар играч на првенството. Со сениорскиот тим на Франција во Бразил, тој го презентираше својот талент на секој натпревар, а со голот против Нигерија во осминафиналето најави дека пред него ќе следи блескава кариера. Погба со добивањето на наградата за најдобар млад играч чекореше по стапките на Томас Милер (2010), Мајкл Овен (1998), Енцо Сифо (1986), Теофило Кубилас (1970), Франц Бекенбауер (1966) и Пеле (1958). Единствениот друг Французин кој го добил ова признание е одбранбениот играч Мануел Аморос на Светското првенство во Шпанија во далечната 1982 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 00:14