FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 92 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 4 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

92 - вкупниот број на голови кои што Шпанија ги има постигнато благодарение на нивното учество на 14 Светски првенства. Првиот гол за црвената фурија го постигна Ирарагори од пенал против Бразил на Светското првенство во Италија во 1934 година, а Хуан Мата последниот гол во победата против Австралија од 3:0 кој што практично го означи и заминувањето на „Ла Роха“ од Бразил 2014. Дефинитивно голот кој ќе остане во историјата на светскиот фудбал е голот на Андрес Иниеста против Холандија. Иниеста го матираше Стекеленбург на само 4 минути пред крајот на финалето во Јужна Африка 2010, гол кој што на Шпанија и ја донесе првата светска титула.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 00:22