FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 91 ден до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

91 – е процентот на шутеви одбранети од страна на голманот на Костарика Кејлор Навас на фудбалското првенство во Бразил во 2014 година (21 одбрана од вкупно 23 шутеви). Иако неговата екипа беше извлечена во Д групата заедно со поранешните светски шампиони Уругвај, Италија и Англија, голманот на Реал Мадрид единствено не успеа да го одбрани пеналот на Единсон Кавани на трите натпревари на Костарика во групната фаза на Светското првенство во Бразил 2014. Неговите извонредни перформанси им помогнаа на Лос Тикос за прв пат во нивната историја да стигнат до четврт-финалето кои го завршија со само два примени гола, помалку од било која друга екипа на Светските првенства. Мрежичките на голот пред кој стоеше Навас мируваа дури во 3 натпревари од вкупно пет меча а немаше примено гол дури 336 минути. Костарика се прослави по елиминацијата на Грција на пенали во осминафиналето а Кејлор Навас влезе во голманските легенди на фудбалските терени. Навас остана прв избор за Костарика и во квалификациите за Русија 2018, бранејќи го голот на 11 натпревари од кои на 5 не прими ниту еден гол.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 00:32