FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 90 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

90 – како фудбалското светско првенство во Италија во 1990 година, каде Волтер Зенга постави рекорд на голман кој најдолго успеал да издржи без да прими гол. Неговиот рекорд беше дури 517 минути. Азурите беа лидери во групната фаза од првенството завршувајќи со три победи и тоа 1-0 против Австрија и САД и 2-0 против Чехословачка. Феноменалниот Зенга остана несовладан и во осминафиналето, каде Италијанците го елиминираа Уругвај со 2-0 а победничката серија продолжи и во четврт-финалето. Република Ирска налета на моќната Италија и беше совладана со минимални 1:0.

Дури во 67 минута од полуфиналниот натпревар против Аргентина, италијанскиот голман беше конечно совладан откако Калудио Каниџа стрелаше прецизно за 1:1 по нафрлената топка од Марадона. Натпреварот на крајот беше решен на пенали а Гаучосите им го покорија сонот на Италијанците за кревање на пехарот на домашен терен. Сепак, Зенга и неговите легендарни одбрани продолжуваат да живеат во книгите за историјата на Светските првенства. Икер Касиљас ја имаше шансата да го надмине рекордот на Зенга на првенството во Бразил 2014 но му недостасуваа само уште 40 минути помалку од Зенга. Ван Перси беше кобниот напаѓач за Касиљас кој го даде првиот од двата гола за подоцна Холандија да ја торпедира Шпанија со 5:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 00:52