Екипата на европскиот ракометен шампион Вардар ќе игра против Монпелје во полуфиналето на овогодинешното издание на Лигата на шампионите, кое ќе се игра во Келн. Во второто полуфинале од Ф4 турнирот ќе се сретнат Нант на нашиот Кире Лазаров и ПСЖ во француското дерби. Завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн ќе се одржи на 26 и 27 мај.