Пол Џорџ ќе го напушти тимот на Оклахома Сити по само една сезона во дресот на Тандер.
Поранешниот играч на Индијана пристигна во ОКС со цел да биде дел од новото супер-трио во кое требаше да учествуваат Расел Вестбрук и Кармело Ентони, но тројцата така не успејаа да профункционираат доволно добро и да покажат постојаност, откако отпаднаа уште во првиот круг на плеј-офот на НБА.
ЕСПН прошири информации, според која Џорџ сигурно си заминува од Тандер во текот на летото и ќе потпише за друг клуб, бидејќи е неограничен слободен агент. Дваесет и осум годишното крило постигнуваше по 21,9 поени по натпревар во 79 натпревари од регуларната сезона, а кон тоа запишуваше 5,7 скока и 3,3 асистенции.
Кошаркарот постојано е поврзуван со трансфер во Лос Анџелес Лејкерс. Џорџ е роден во Палмдејл, Калифорнија - град кој е сосема близу до Л.А.