Кливленд поведе со 1:0 во четвртфиналната серија од плејофот против Торонто рапторс, а најдобриот играч на Кавалирс, Леброн Џејмс, изјави дека е задоволен од играта што ја прикажале неговите соиграчи.

- Дефинитивно не бев ефикасен колку што би сакал, промашив многу отворени шутови. Поради повредата која ја добив на последниот натпревар не бев сигурен дали ќе излезам на паркетот. Но, најважно е дека стигнавме до победа, истакна Џејмс.

Тој јавно ги пофали неговите соиграчи за играта и настапот на тимот воопшто.

- Моите соиграчи беа феноменални, ги покрија местата каде јас не бев на висина на задачата. Сите беа одлични и кога ни беше потребно придонесоа за победата, потенцира кошаркарот.

Кливленд во серијата со Торонто влезе практично без одмор, откако претходно ја елиминираше Индијана по седум натпревари.

- Немавме време да се подготвиме како што вообичаено тоа го правиме за време на плејофот. Моравме брзо да се префрлиме по серија од седум натпревари на првиот со Торонто. Излеговме со желба да победиме и се потпираме на искуството, наведе Џејмс.

Кливенд на првиот натпревар го совладаа Торонто по продолженија со 112:113.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 15:04