Кошаркарскиот стручњак Игор Кокошков го презеде Феникс Санс и стана првиот Србин кој станал главен тренер на НБА тим. Во исто време, сегашниот асистент во Јута Џез е и првиот Европеец, кој ќе биде главен тренер на тим од најсилната лига во светот. Кокошков ќе се врати кај „сонцата“, каде што беше асистент од 2008 до 2013 година, веднаш штом ја заврши сезоната со Јут. - Ние сме воодушевени што Кокошков се враќа кај нас. Тој ни носи искуство, тој отсекогаш бил посветен на развојот на играчите и инсистира на креативност, изјави генералниот менаџер на Феникс, Рајан Мекдонахју, цитиран од официјалниот сајт на НБА лигата. Игор Кокошков, кој лани стана европски шампион со селекцијата на Словенија со победа над Србија во финалето, ќе го замени Џеј Трајано на клупата, откако оваа сезона тимот беше најслаб во НБА лига со скор од 21-61. Пред Јута, Кокошков беше помошник тренер во Лос Анџелес Клиперс, Детроит, Кливленд и Орландо.