Екипата на европскиот ракометен шампион Вардар за вториот настап на „Фајнал фор“ турнирот во Лигата на шампиони обезбеди блок билети за македонските навивачи.

Ф4 турнирот ќе се игра на 26 и 27 мај во Келн, а во полуфиналето се среќаваат Нант - ПСЖ (15,15 часот) и Вардар - Монпелје (18 часот).

Сите блок билети што се наменети за навивачите на Вардар се во сектор 218 во салата, место резервирано за македонските фанови. Цената на блок билетите чини 17.300 денари. Во оваа цена е вклучен само билетот за натпреварите (полуфинале и финален ден).

Билетите за завршниот турнир на ЛШ се пуштени во оптек, а продажбата на блок билетите ќе се врши онлајн на следниот линк: http://vardarfanshop.com/index.php?route=product/category&path=70.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2018 12:47