Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи утре во кампусот на техничките факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ).
Сите факултети во состав на Универзитетот ќе имаат свои штандови и пред заинтересираните матуранти ќе ги презентираат своите наставни програми.
Предвидена е и богата музичка програма, со настапи на музичката група „Брејкдаун бенд“ со Пеце Суперхикс и диџеј Irie Scratch.
Исто така, предвиден е поголем простор (тревникот на кампусот) за презентација и активности на студентските организации од сите Факултети од УКИМ.
Матурантите, на едно место, ќе можат да се запознаат со Универзитет и да ги одберат вистинските студии за градење на својата успешна кариера.
Сите заинтересирани можат да пронајдат повеќе информации за на08:20
###
станот на Фејсбук страницата Ден на високото образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, или на постерите поставени на огласните табли низ средните училишта низ Македонија.