Поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција од сабота до понеделник во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.

-СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 21 до 23.12.2024 (од сабота до понеделник) поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, се вели во соопштението од МВР.

Од СВР Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 16:38