Кевин Лав конечно покажа на што е способен, откако синоќа постигна 31 поен, а Леброн Џејмс повторно беше незадржлив со 43 во победата на Кливленд против Торонто со 128:110 на гости. Кавалирс поведоа со 2-0 во плејоф серијата и сега ќе бидат домаќини на следните два натпревара. Двајцата беа солидни и во другите индикатори, откако Лав имаше 11 скокови, а Џејмс додаде 14 асистенции. Кливленд беше прецизен во 59 отсто од своите шутеви од игра, а Репторс едноставно немаше никаква шанса да се спротивстават. - Убаво е да се види таква изведба од Кевин. Тој покажа дека е нашето најдобро крило и тоа беше многу важен натпревар за него, изјави Леброн, чиј тим запиша осма победа по ред против Канаѓаните во плејофот. Торонто го изгуби натпреварот во третиот дел, кога гостите направија серија од 18:5, поведоа со 11 поени разлика пред последниот период, а потоа не погледнаа назад. Кавс направија само три грешки во натпреварот и освоија клучна победа, која ги прави главен фаворит за место во следниот круг на елиминации. Торонто првпат загуби два меча по ред дома во кампањата. Бостон Селтикс исто така водат со 2-0 во серијата пред двата последователни натпревари во салата на Сиксерс. „Детелините“ израмнија 22 поени негатива, откако губеа со 26:48 во првите минути на втората третина. Тие намалија на 5 разлика уште до паузата, а потоа го комплетираа пресвртот. Тие имаат 6-0 дома во плејофот оваа сезона. Филаделфија успеа да поведе повторно со 93:88 во последната четвртина, но серијата од 11:4 во корист на Бостон ги сврте работите, а осум секунди пред крајот Ал Хорфорд конечно обезбеди триумф со решавачки кош. Дебитантот Џејсон Тејтум ги предводеше победниците со 21 поен, Тери Розиер додаде 20, Маркус Морис 19. Хорфорд помогна со 13 и 12 скока за триумфот. Џеј Џеј Редик забележа 23 поени за Филаделфија, од кои 5 тројки, Роберт Ковингтон додаде 22, Џоел Ембид постигна 20 и зеде 14 скока, но најголемиот проблем за „Сиксерс“ беше претставувањето на Бен Симонс, кој остана само со поен.