Дефанзивецот на Арсенал и француската репрезентација, Лоран Кошчелни ќе го пропушти Светското првенство во Русија од 14 јуни до 15 јули.

Централниот дефанзивец се здоби со тешка повреда при поразот од 0:1 во полуфиналето на Лигата на Европа против Атлетико во Мадрид. Кошчелни беше заменет во 12-та минута од Калум Чемберс, откако се лизна и падна на теренот со силна болка.

Капитенот на „топџиите“ помина низ медицински прегледи, кои откриле дека повредена е Ахиловата тетива, а за обновување на таква повреда потребни се речиси шест месеци. Ова значи дека Кошчелни сигурно нема да учествува на Мундијалот 2018 за „петлите“, во чиј дрес има 51 настап и еден гол.

Франција започнува на Светското првенство против Австралија на 16 јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2018 09:47