Градоначалникот на Неготино Тони Делков денеска во својот кабинет, на нивно барање, прими ученици од двата класа од Гимназијата, чии класни раководители се разрешени по спорната екскурзија.

Состанокот бил побаран по синоќешната родителска средба на двата класа, со барање, под итно да се стопира процедурата за смена на двете класни раководителки.

-Тој ги ислуша нашите барања и рече дека нема ингеренции да се меша во внатрешната структура на гимназијата. Потенцираше дека е на наша страна и во најскоро време ќе организира состанок со тој што ги лоцирал "виновниците". Делков рече дека не ги познава нашите класни раководители, но вели дека некој мора да сноси одговорност. Потврди дека имаме право на жалба и дека ќе не поддржи во понатамошните постапки. Тој, исто така, рече дека ја слушнал снимката на која се слуша како едната класна раководителка вели дека нема да се буни што учениците се оставени, информира за МИА Мартин Арсов, ученик во трета година.

Според него, градоначалникот не бил голем оптимист дека може да се смени нешто, но рекол дека вреди да се направат обиди во тој правец.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2018 09:48