Не требаше долго време за Instagram Stories да постигне голем успех. Најактуелната функција на Инстаграм стана многу популарна веднаш по нејзиното пуштање во август 2016 година, што беше на штета на конкурентите како Снепчет.

Во август компанијата соопшти дека „Stories“ првенствено се користи од страна на корисниците кои се на возраст под 25 години, и дека тие ја користат апликацијата во просек по 32 минути на ден. Во месец септември, пак, стана јасно дека апликацијата има 800 милиони месечни активни корисници, 500 милиони од кои ја користат секој ден. За споредба, Снепчет има 173 милиони активни корисници.

Откако Инстаграм ја пушти оваа функција, компанијата постојано ја усовршува, додава неверојатни нови функции кон неа и можеби сте пропуштиле некои.

Еве некои совети и трикови за „Instagram Stories“, кои ќе ви помогнат да „владеете“ со платформата.

Како да креирате текст во боја во Stories?

Дали знаевте дека можете да ги акцентирате вашите приказни со текст, обоен во боите на виножитото? За да го направите тоа, внесете ја вашата порака, користејќи ја алатката за текст. Потоа означете го делот од текстот што сакате да го обоите. Сега ќе треба да користите два прста, со едниот „лизгајте“ по текстот, а со другиот изберете боја од опциите во долниот дел на екранот. Може да забележите дека боите на вашите букви почнуваат да се менуваат додека се движите.

Како да напишете приказна?

Мислете на која било приказна како еден слајд од слајдшоу. Формулирајте ја приказната што сакате да ја раскажете, поделете ја на делови и потоа снимете ја. Бидете внимателни, сепак, не ја преоптоварувајте било која слика со премногу текст. Сепак, треба да се прочита за краток временски период.

Како да создадете шарена позадина?

Земете случајна фотографија, кликнете на алатката со молив и изберете боја. Потоа долго притиснете ја сликата и гледајте како добива различна боја. Можете дури да ја прилагодите бојата на позадината со долго притискање на боја.

Како да додадете сенка на текстот?

Напишете го саканиот текст, по што копирајте го и ставете го во различно текстуално поле, откако ќе бидете сигурни дека тој е со големина на оригиналот. Сега замаглете го копираниот текст до сиво и ставете го зад оригиналниот текст.

Како да ги исклучите приказните во Instagram и / или да ги скриете вашите приказни?

Дали имате пријател кој објавува премногу приказни? Тогаш исклучете ги. За да го сторите тоа, држете ја иконата за кругови во менито Stories и кликнете на „mute“. Можете исто така да ги скриете вашите приказни од одредени луѓе. Прво, кликнете на корисничкиот профил, притиснете ја иконата како запчаник во горниот десен агол, а потоа изберете го јазичето „Story Settings“ под „Account“. Во горниот дел на овој екран, внесете го корисничкото име на човекот, од кого се обидувате да ја скриете својата историја.

Зошто да зачувате копија?

Секогаш зачувувајте копија од вашите фотографии пред да ги уредувате и да ги поставите во Stories. Така секогаш можете да почнете одново, ако не ви се допаѓа она што сте го создале.

Како да сопреме порака?


Седум корисни работи за Инстаграм

Одете во вашите директни пораки и лоцирајте го она, за кое сте зажалиле дека сте го испратиле, држете со прстот врз него и потоа кликнете на „unsend“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 00:28