FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 89 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството

89 е бројот на голови постигнати на Светските првенства во 1960 –те години: Чиле 1962 и Англија 1966. Шампионот Бразил беше најплодниот тим во 1962 година, постигнувајќи 14 гола и тоа сите надвор од шеснаесетникот. Гаринча и Вава беа топ стрелци со четири постигнати гола, заедно со унгарскиот Флориан Алберт, Валентин Иванов од Советскиот Сојуз, домашниот херој Леонел Санчез и југословенскиот Дражен Јеркович. Унгарецот Алберт за разлика од останатите успеа да постигне 4 гола на само три одиграни натпревари.

Славниот Португалец Еузебио беше високо над сите останати во 1966 година, со своите 9 погодоци, од кои 4 беа пенали. Благодарение на неговиот огромен, инспиративен придонес, Португалија го освои третото место и беше екипа со најголем број на погодоци на првенството со вкупно 17 постигнати гола, два повеќе од второпласираната Германија и 6 повеќе од шампионот Англија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 02:43