FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 88 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

88 – “Покажи му на целиот свет дека си подобар од Меси! Покажи им дека ти можеш да го решиш натпреварот.” Со овие зборови, германскиот тренер Јоаким Лев го испрати Марио Гетце – играч кој допрва требаше да се докаже на натпреварот – во финалниот натпревар на Светското првенство во 2014 година против Аргентина во 88 – та минута.

Резултатот беше сеуште 0-0 кога човекот наречен Супер Марио го замени ново крунисаниот стрелец рекордер на Светското првенство Мирослав Клосе на Стадионот Маракана. Зборовите на тренерот Лев го добија саканиот ефект 25 минути подоцна кога Гетце беше човекот кој им ја донесе на Германците четвртата светска титула.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 02:47