FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 86 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

86 – како во 1886, годината кога е роден во Турин, Италија најатрактивниот тренер во историјата на светските првенства. Неговото име беше Виторио Позо и тој ги предводеше Италијанците кон триумфите на првенствата во 1934 и 1938 година. Извонренден тактичар кој разви нов стил на играње таканаречен “методо”. Позо беше истотака одличен во проценката на психолошката состојба на неговите играчи и одредувањето на начинот на кој ќе ги мотивира во зависност од значењето на натпреварот. На многу начини, стариот мајстор ги утврди дефинирачките карактеристики на италијанскиот фудбал кои важат до денес: тактичка свесност, строга дисциплина и целосна посветеност.

Ако Германија победи на Светското првенство во Русија, нивниот тренер Јоаким Лев ќе биде првиот чиј успех ќе се изедначи со уникатното достигнување на Позо во освојувањето на две последователни светски титули.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 02:59