FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 85 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

85 - Часовникот на Олимпискиот стадион во Рим ја имаше означено 85 минута кога Андреас Бреме го постигна единствениот гол во финалето во 1990 година од пенал, со што ја запечати победата на Западна Германија против Аргентина.

“Веднаш сфатив дека јас ќе морам да шутирам пенал”, се сеќава подоцна Бреме. Во играта секогаш има тројца определени стрелци. Тоа беше Руди Волер – но тој беше фаулиран, а фаулираниот играч никогаш не шутира решавачки пенал – и тука беше Лотар Матеус, но тој не се чувствуваше добро. За нас беше важно оној кој ќе ја превземе одговорноста да биде полн со самодоверба и способен да го прикрие правецот на шутирање, па така и направив. Волер дојде до мене и ми рече: “Погоди сега и ќе бидеме светски шампиони.” “Во ред, многу ти благодарам” одговорив јас. ”Ќе го имам тоа на ум.” Тоа беше првото финале на Светско првенство кое беше решено со еден гол преку пенал.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 03:03