FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 84 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

84 – е бројот на афрички играчи кои се запишале во листата на стрелците на фудбалските светски првенства. Првиот од нив беше Египјанецот Абделрахман Фази, кој стрелаше два пати прецизно во Италија во 1934 година. Триесет и шест години подоцна, во Мексико во 1970 година, континентот доби друг репрезентативец во завршницата на светското првенство – Мароко – и вториот голгетер на светските првенства : Хумани Џарир. Афричкиот водечки стрелец на сите времиња на светското првенство е Асамоа Гуан од Гана, кој постигна 6 гола на првенствата, а последните два во Бразил 2014. Последниот Африканец кој постигна гол на светскита првенства беше Алжирецот Абдилмоумене Џабу во продолжението на натпреварот, каде со резултат од 2-1 неговата земја беше поразена од Германија во осминафиналето во Бразил 2014 година. Со ова, тој го додаде своето име на славната листа на која се наоѓаат и Роџер Мила, Дидиер Дрогба, Самуел Ето, Рабах Мадјер, Мустафа Џаџи и Рашид Јекини.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 03:09