FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 83 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

83 Кога би се доделувале бодови за секој одигран натпревар на фудбалските светски првенства, тогаш Бразил би освоиле 83 проценти од вкупниот број на натпревари. Бразил се петкратни светски шампиони (во 1958, 1962, 1970, 1994 и 2002) и се единствената нација која се натпреварувала на завршницата на сите 21 светски првенства; Петкратните шампиони исто така имаат забележано повеќе победи од било која друга земја: 70 од 140 натпревари, притоа постигнувајќи вкупно 221 гол.

Зачудувачки, но првиот натпревар на кој учествуваше Бразил го загуби со високи 4:0 и од тоа од репрезентацијата на тогашна Југославија во Уругвај во 1930. Нивната прва победа дојде веќе во наредниот натпревар на првенството со иста разлика како и првиот пораз против Боливија.

Последна од нивните многубројни победи на светското првенство беше победата од 2-1 против Колумбија во четврт финалето на домашен терен во 2014 година.

Најголемата победа на Бразил на Светското првенство досега е 7-1 победа над Шведска во Бразил во 1950, додека пак победата од 6-5 против Полска во Франција во 1938 година е натпревар со најмногу постигнати голови на кој учествувал Бразил.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 03:15