FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 82 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

82 – Дури после повеќе од 50 години каде што не повеќе од 16 национални тимови ја имаа можноста да се натпреваруваат за најголемиот фудбалски престиж, Светското фудбалско првенство во Шпанија во 1982 година беше првото првенство каде учество земаа 24 земји. Четиринаесет од учесниците беа од Европа, четири од Јужна Америка, два од Централна Америка, два од Африка, еден од Азија и уште еден од Океанија. Пет тима – Алжир, Хондурас, Камерун, Кувајт и Нов Зеланд – за прв пат го искусија вкусот на зелената трева на Светските првенства.

Проширувањето на турнирот на 24 учесници донесе две главни новости во фудбалот– постојаното зголемување на бројот на национални репрезентации кои аплицираат за учество на квалификациите за Светското првенство, и уште поважно, зголемениот број на земји кои ја имаат можноста да се натпреваруваат со светската елита. Зачудувачки, второпласираните на претходните две првенства, Холандија, и покрај проширувањето со бројот на репрезентации, не успееја да си обезбедат карта за Пиринејскиот полуостров.

Зголемениот број на репрезентации исто така налагаше и прилагодување на организациската форма на првенството. Меѓу првата рунда – групната фаза и полуфиналето, беше воведена втора рунда која ја сочинуваа 12 тимови кои беа поделени во четири групи од три тима, а победниците од секоја од овие групи продолжуваше во полуфинале Оваа организациска форма беше применета само во 1982 година на првенството во Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 03:21