Во светот постојат 7.106 живи јазици, па агенцијата „On The Go Tours“ одлучи да се позанимава со буквален превод на имињата на дел од поголемите градови во светот.

- Кандахар (Авганистан) - Александар Велики

- Лисабон (Португалија) - Безбедно пристаниште

- Берлин (Германија) - Мочуриште

- Тирана (Албанија) - Дневник

- Луанда (Ангола) - Данок

- Буенос Аирес (Аргентина) - Добар ветер

- Виена (Австрија) - Белата тврдина

- Баку (Азербејџан) - Град на ветерот

- Дака (Бангладеш) - Мало грмушесто дрво

- Брисел (Белгија) - Куќа во мочуриштето

- Сараево (Босна и Херцеговина) - Двор, палата

- Рио де Жанеиро (Бразил) - Јануарска река

- Софија (Бугарија) - Мудрост

- Богота (Колумбија) - Посеани полиња

- Сантијаго де Куба (Куба) - Свети Јаков од плодната земја

- Копенхаген (Данска) - Трговско пристаниште

- Каиро (Египет) - Победник / Победнички

- Лаутока (Фиџи) - Удар на копје / Околу бикот

- Акра (Гана) - Мравки

- Гватемала Сити (Гватемала) - Град на шумата

- Тегусигалпа (Хондурас) - Сребрена планина / Местото каде што живее елитата

- Будимпешта (Унгарија) - Водена печка

- Рејкјавик (Исланд) - Залив на чад

- Делхи (Индија) - Праг

- Лос Анџелес (САД) - Ангели

- Берн (Швајцарија) - Мечка

- Тихуана (Мексико) - Покрај море

- Пекинг (Кина) - Северна престолнина

- Џакарта (Индонезија) - Целосна победа

- Даблин (Ирска) - Црн базен

- Рим (Италија) - Силен / Храбар

- Најроби (Кенија) - Земја на студената вода

- Монровија (Либерија) - Именувана е по поранешниот американски претседател Џејмс Монро

- Вилнус (Литванија) - Голем бран

- Луксембург - Мал замок

- Куала Лумпур (Малезија) - Калливо устие

- Монако (Монако) - Монах / Самотија

- Минск (Белорусија) - Пазар

- Подгорица (Црна Гора) - Под планината

- Амстердам (Холандија) - Брана / Насип на Амстел

- Осло (Норвешка) - Ливада на боговите

- Нгерулмуд (Палау) - Земја на ферментирани риби

- Манила (Филипини) - Земја на расцутени мангрови

- Букурешт (Романија) - Град на радоста

- Дакар (Сенегал) - Дрво тамаринд / Земја на засолниште

- Сингапур (Сингапур) - Град на лавови

- Блумфонтеин (ЈАР) - Фонтана на цвеќе

- Севиља (Шпанија) - Рамница

- Картум (Судан) - Крај на сурлата на слонот

- Парамарибо (Суринам) - Големи речни жители

- Дамаск (Сирија) - Добро наводнето земјиште

- Бангкок (Тајланд) - Округ на диви сливи

- Ашхабад (Туркменистан) - Град на љубовта

- Фунафути (Тувалу) - Банана

- Абу Даби (Обединети Арапски Емирати) - Татко на газела

- Монтевидео (Уругвај) - Ја видов планината

- Хараре (Зимбабве) - Оној кој не спие



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2018 00:30