Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, како подарок за простување ќе го добие трофејот, кој клубот го освои во сезоната на „Непобедливите“.

Се работи за трофејот од сезоната 2003/04, кога тој и неговите фудбалери ја освоија титулата во Премиер Лигата без пораз во текот на целата сезона.

Арсен за последен пат излезе на „Емирати“ и се прости од навивачите, а како награда за неговата работа и напор доби непроценлив трофеј - златен пехар, специјално изработен за да ја овековечи оваа специјална сезона.

Францускиот експерт неодамна објави дека се повлекува од позиција на менаџер на „топџиите“ по 22 години на чело на тимот.

Кој ќе го наследи Венгер се уште не е познато. Од друга страна, Арсен планира да направи кратка пауза, а потоа можеби, според него, ќе преземе друг клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2018 09:36