Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан во пресрет на „Ел Класико“ зборуваше со многу почит за Андрес Иниеста и неговиот придонес за Барселона, фудбалот во Шпанија и во целиот свет.

Како што соопшти „Марка“, Зидан го чекал Иниеста повеќе од пет минути во тунелот на стадионот „Камп Ноу“ за да се поздрави со него.

Иниеста вчера го започна 238-от натпревар помеѓу Барселона и Реал Мадрид, потоа беше заменет по еден час игра со бурни аплаузи и овации од трибините.

Иако се уште официјално не објави каде ќе игра по напуштањето на Барселона, каде помина 22 години, речиси е сигурно дека тоа ќе биде Кина. Иниеста при своето збогување од Барселона изјави дека тој никогаш нема да игра во Европа, бидејќи „не би можел да игра против Барса“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2018 10:45