Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити има 32 натпревари без пораз во Премиер лигата од декември 2023 година.

Ова е најдобрата серија во историјата на клубот.

Во дуел од денешното 9. коло на Англиското фудбалско првенство, избраниците на Пеп Гвардиола го совладаа Саутемптон со 1:0.

Последен пат „граѓаните“ загубија на 6 декември 2023 година од Астон вила (0:1) на гости.

На 2 ноември, Манчестер сити ќе игра против Борнмут во 10. коло од Премиер лигата



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2024 04:10