Најдобриот кошаркар на Химки, Алексеј Швед ја освои наградата „Алфонсо Форд“, кој му се доделува на најдобриот стрелец во регуларната сезона од Евролигата.

Оваа награда е единствената, на која влијание немаат ниту навивачите ниту медиумите, туку само се гледаат статистичките податоци.

Оваа сезона, Швед просечно постигнуваше по 21,8 поени за рускиот тим, а се запиша во историјата откако постигна рекордни 740 поени, многу повеќе од претходниот рекорд од 609, што го држеше поранешниот играч на руски Уникс - Кит Ленгфорд.

Русинот, исто така, го постави рекордот за најмногу врзани игри со најмалку 16 поени, откако такво нешто му појде од рака 29 пати.

Тука не е крајот. Неговите 107 тројки и 324 обиди за три поени се рекордни статистики, како и најмногу постигнати поени (36) и постигнати тројки (осум) во еден плејоф натпревар.

Химки беше поразен од ЦСКА (3-1 во серијата), па пласман во Евролигата следната сезона ќе мора да избори преку ВТБ лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2018 13:25