Кошаркарот на Голден стејт, Стеф Кари на четвртиот натпревар од полуфиналето на плејофот на Западната конференција против Њу Орлеанс постигна четири тројки од девет обиди и значително придонесе за победата на неговиот тим од 118:92.
Голден стејтс се на чекор од пласман во финалето, а Кари се најде на вечната листа според постигнати тројки во плејофот пред Ману Џинобили од Сан Антонио.
Кари со 326 постигнати тројки сега се наоѓа на третата позиција на листата, а пред него се Леброн Џејмс со 346 и Реј Ален со 385 тројки.
Кошаркарот на Голден стејт неодамна се врати на терен по заздравувањето на повредата на коленото, а оваа сезона просечно реализира по 26,4 поени, 6,1 асистенции и 5,1 скок.