Екипата на Кливленд Кавалирс ќе игра за титулата на Источната конференција четврта година по ред, откако ја освои полуфиналната плејоф серија против Торонто со 4:0. Во четвртиот натпревар, Кавалирс го поразија својот противник со 128:93.

Леброн Џејмс постигна 29 поени и 11 асистенции, а Кевин Лав додаде 23 поени за успехот на Кливленд.

За Торонто, Јонас Валанчиунас постигна 18 поени.

Во борбата за трофејот, Кливленд ќе излезе против победникот од другото полуфинале на исток помеѓу Филаделфија и Бостон. Филаделфија остана во серијата откако победи на четвртиот натпревар со 103:92 и го намали заостанувањето до 1:3.

Дарио Шариќ постигна рекордни 25 поени во плејофот и Ти Џеј МекКонел додаде 19 поени за успехот на Филаделфија.

Џејсон Тејтум постигна 20 поени за Бостон.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2018 08:50