Хакерка, која украла десетици илјади долари и разголени фотографии на популарната старлета Парис Хилтон, е осудена на 57 месеци затвор.

Престапничката по име Пајтсар Бекчазијан е уапсена минатата година. Таа ќе треба да и плати 318.000 долари отштета на наследничката на ланецот хотели „Хилтон“.

Богатата наследничка се појави во судот во Лос Анџелес за да го проследи крајот на процесот.

- Оваа жена го доби заслуженото, изјави Хилтон по пресудата.

Осудената две години ги злоупотребувала сметките на Парис Хилтон.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2018 14:05