Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант освои уште една награда за анимацијата „Dear Basketball“.

Краткиот филм беше награден со „Еми“, која се смета за најпрестижна американска телевизиска награда, во категоријата за графички дизајн. Пред два месеца, 39-годишниот поранешен бек на „езерџиите“ освои „Оскар“ за најдобра кратка анимација.

Како што е познато, Коби Брајант го напиша сценариото за „Dear Basketball“, а анимацијата е дело на Глен Кин, кој работи за „Дизни“.

Самиот филм се базира на прошталното писмо кое петкратниот шампион на НБА го објави кога го најави крајот на неговата кариера во 2015 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2018 11:45