Ракометарката на ЖРК Вардар, Драгана Цвијиќ влезе во изборот на ЕХФ за најдобриот состав на Лигата на шампионките. Цвијиќ е прогласена за најдобар пикер на турнирот за сезоната 2017/2018. Тимот на сезоната во ЛШ: Голман: Кари Гримсбо (Ѓер) Лево крило: Сираба Дембеле (Ростов) Лев бек: Кристина Неагу (ЧСМ) Централен бек: Вероника Кристијансен (Митјиланд) Пикер: Драгана Цвијиќ (ЖРК Вардар) Десен бек: Ана Грос (Мец) Десно крило: Јулија Манагарова (Ростов). За најдобар тренер за оваа сезона е избран Мартин Амброш (Ѓер), а неговиот тим воедно собра најмногу награди, откако и за најдобар дефанзивец беше прогласена Сузана Томори. Вардарки утре од 18 часот играат полуфинале со Ростов, а од 15:15 часот во првиот меч на Ф4 турнирот го играат актуелниот шампион Ѓер и романски ЧСМ Букурешт.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2018 12:03