Најдобриот кошаркар на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс не е многу загрижен по вториот пораз од Бостон во финалната серија на Источната конференција.

Кливленд ноќеска загуби со 107:94 и сега е на 0-2 во серијата прв до четири победи.

- Мислам дека ќе бидам во ред. Нема да останам без спиење поради двата пораза. Ќе се обидеме да возвратиме на наш терен. Се подобруваме и очекувам да победуваме на следните средби. Не е ништо завршено. Бостон го направи тоа што му требаше на домашен терен. Сега ни е нас редот, истакна Џејмс.

Ниту трипл-дабл ефектот (42 поени, 10 скокови и 12 асистенции) не помогнаа Кливленд да го избегне поразот. Следниот нивни дуел е закажан за 20 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2018 09:21