Деветгодишниот Јане кој боледува од спинална мускулна атрофија денеска во Лион играше фудбал со фудбалските ѕвезди Луис Фиго и Ерик Абидал.
Јане по покана на УЕФА се наоѓа во Лион, каде се снима видео спот за кампањата „Еднакви на терен“. Јане во друштво на Фиго и Абидал во спотот играат мал фудбал.
„Секој треба да може да ужива во фудбалот. Без разлика кој си, од каде си или како играш“, е пораката која УЕФА ја испраќа со кампањата „Еднакви на терен“, а Јане е еден од лицата на кампањата.
„Покрај за прославата на една година од почетокот на кампањата ‘Еднакви на терен‘, Јане беше поканет да го гледа и финалето во Лига Европа меѓу Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид, што се одигра во Лион“, рече Деница Велковска мајката на Јане, за порталот сакам да кажам.
Целиот текст можете да го прочитате на sdk.mk