FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 81 ден до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

81 – 81 минута беше кобна во осминафиналето на средбата меѓу Аргентина и Бразил во 1990 година кога Диего Марадона лесно го помина средниот ред на Кариоките, а потоа со фантастична асистенција од негова страна на Клаудио Каниџа не му беше тешко да го заобиколи голманот Клаудио Тафарел и да постигне гол во празната мрежа.

Акцијата од соништата ја запечати победата за Аргентина, која во осминафиналето беше само една од најдобрите третопласирани екипи и беше на работ на пораз од фаворитите на пред натпреварот. Како што Каниџа призна за ЕСПН, “Можевме да дадеме два или три гола во првото полувреме. На полувреме, (тренерот Карлос) Билардо ни рече да престанеме да им ја додаваме топката на момците во жолто.”

Создаден на неверојатен начин од Марадона и завршен со смиреноста на Каниџа, овој гол е еден од најзапамтените меѓу аргентинските фанови, затоа што како што кажаа претходно “никој од нас не очекуваше дека ние ќе го победиме бразилскиот тим.” Охрабрени од ваквата победа, Аргентинците продолжија се до финалето, каде беа поразени од Западна Германија.

Од друга страна пак, поразот беше навистина тешко апче за голтање за самоуверените Бразилци. “ Нема ништо поголемо или пославно за еден фудбалер од тоа да постигне таков гол на Светското првенство,” додаде Каниџа.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 01:52