FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 80 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

80 проценти од досудените пенали во 90-десет годишната историја на фудбалските светски првенства биле успешни. Ова значи дека 4 од секои 5 шутирани пенали завршиле позади гол линијата – а некои од нив се незаборавни.

Очите на фудбалскиот свет беа вперени во Зинедин Зидан на 9 јули 2006 година. По неговиот клучен гол во осминафиналето, на натпреварот против Шпанија, и во полуфиналето против Португалија, името на Французинот се најде повторно на видео бимот во финалето на светското првенство во 2006 година против Италија – каде Зидан одбирајќи го Паненка стилот – го матираше Џанлуиџи Буфон. Буфон беше немоќен да го одбрани пеналот на Зизу а тој удар воедно претставува и еден од најхрабрите удари на сите времиња имајќи во предвид дека се работеше за финале на Светско првенство. Останатото е историја. Подоцна Зидан доби црвен картон заатоа што го удри со глава Марко Матераци, за на крај Франција да ја изгуби титулата во пенал рулетот.

За разлика од Зидан, Андреас Бреме има момент за паметење од финалето на Светското првенство во Италија 1990 година, каде во финалето го постигна решавачкиот гол на 5 минути пред крајот и тоа со удар од белата точка. Со голот на Бреме, Германија ја совлада Аргентина со минимални 1:0.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 02:03