FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 79 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

79 – е бројот на луѓе кои биле фудбалски играчи, а потоа тренери на фудбалските светски првенства, листа на која се наоѓаат Диего Марадона, Јирген Клинсман, Дидиер Дешамп и Фабио Капело.

Сепак, само двајца од нив успеале да го освојат најпрестижниот трофеј и од фудбалскиот терен и од тренерската клупа: Марио Загало и Франц Бекенбауер.

Бразилецот беше првиот кој го постигна овој подвиг. Познат по прекарот “Стар волк”, Загало беше дел од талентираниот тим кои ја освоија светската титула во Шведска во 1958 и Чиле во 1962, за потоа да се врати на светската фудбалска сцена за да го води Бразил кон славата во Мексико во 1970 година.

Бекенбауер беше капитен на тимот на Западна Германија кога тие го кренаа трофејот на домашен терен во 1974 година. Откако ја презеде капитенската улога во германскиот тим, Кралот ја пропушти најголемата фудбалска награда во Мексико во 1986 година, каде неговиот тим изгуби 3-2 од Аргентина во големото финале. Сепак, тој ја исполни својата цел четири години подоцна, кога Германија се одмазди на Аргентинците со 1-0 победа во финалниот натпревар во Италија во 1990 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 02:25