FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 78 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

78 – Светското фудбалско првенство во Аргентина во 1978 година беше драматично и исполнето со незаборавни моменти.

Предводени од Марио Кемпес, домаќините ја освоија првата светска титула, додека пак Тунис стана првиот афрички тим кој успеал да забележи победа на првенството (против Мексико), а Австрија го порази својот сосед Германија за прв пат во 47 години. Уште еден од многуте незаборавни моменти беше 1000 –иот гол во историјата на Светските првенства, постигнат од Холанѓанецот Роберт Ренсенбринк од казнениот простор против Шкотска во групната фаза. Иако Холанѓаните го изгубија натпреварот со 3-2, тие продолжија понатаму кон, за нив, второто последователно финале, каде изгубија 3-1 од домаќините.

Дваесет и осум години по голот на Ренсенбринк, Швеѓанецот Маркус Албак го постигна 2000 – иот гол во историјата на првенството, против Англија во Германија во 2006 година. Победничкиот гол на Марио Геце во финалето во Бразил во 2014 година беше 2379 – иот гол во историјата на Светските првенства.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 02:28