FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 77 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

77 – е бројот на земји кои учествувале на фудбалските Светски првенства барем еднаш до првенството во Русија 2018. Тринаесет од нив биле дел од завршницата на Светското првенство во 1930 година: Аргентина, Белгија, Боливија, Бразил, Чиле, Франција, Мексико, Парагвај, Перу, Романија, САД, Уругвај и Југославија. Четири години подоцна се приклучија десет нови земји: Австрија, Чехословачка, Египет, Германија, Унгарија, Италија, Холандија, Шпанија, Шведска и Швајцарија. Оттогаш, на секое светско првенство сме сведоци на барем една нација која дебитира на светската сцена.

Единствениот нов тим на првенството во Бразил 2014 беше Босна и Херцеговина – иако таа претходно беше претставувана на светските финалиња од поранешна Југославија – додека пак Русија 2018 ќе го види дебитирањето на Панама и Исланд на Светските првенства.

Уште една нација ќе се најдеше на листата на светски финалисти доколку Индија решеше да отпатува за Бразил во 1950 година. И покрај тоа што успеаа да се квалификуваат за првенството, Индијците одлучија да не учествуваат од финансиски причини и затоа што не им беше дозволено да играат боси согласно нивната тогашна традиција во домашната лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 02:30