FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 76 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

76 - Во 1976 година во Рио де Жанеиро се роди момче кое се вика Роналдо Луис Назарио Де Лима, попознат едноставно како Роналдо или Феноменот. Извонреден играч со исклучителна техника, интелигенција и визија, кој сеуште важи за еден од најдобрите стрелци во историјата на фудбалот.

Роналдо го носеше дресот на Бразил на четири светски фудбалски првенства, постигнувајќи 15 гола во 19 натпревари, со што стана вториот најдобар стрелец на сите времиња. Неговите подвизи и помогнаа на неговата земја да ја освои светската титула во Јапонија во 2002 година, а на него како најдобар стрелец на натпреварот му го донесоа признанието Златка копачка со постигнати 8 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 02:32