FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 75 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

75 минути патување со авион ја делат Москва од Санкт Петерсбург, двата најголеми градови во Русија и дестинации каде ќе се одржат најважните натпревари на фудбалското светско првенство во 2018 година. Пред нас се дванаесет натпревари кои ќе се одржат на московските стадиони, вклучувајќи го и натпреварот со кој ќе се отвори првенството, еден полуфинален натпревар и големото финале. Во рускиот северен главен град, како што инаку е нарекуван Санкт Петерсбург, ќе се одржат седум натпревари вклучувајќи го другиот полуфинален натпревар и натпреварот за третото место.

Русија е позната по своите навидум бесконечни растојанија. На пример, за да се стигне од најзападниот град, односно Калининград, до далечниот источен град Петроплавловск-Камчатски се потребни повеќе од десет часа патување со авион. Сепак, гостите на првенството во Русија 2018 нема да мора да патуваат толку долго бидејќи сите градови домаќини се лоцирани во прилично компактна област на земјата западно од Урал. Од Москва пак, до најисточниот град домаќин Екатеринбург се потребни два и пол часа.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 02:33