FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 74 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

74 - Кога Бразил го присвои за себе Џулс Римет пехарот по освојувањето на третата титула на фудбалското светско првенство во Мексико во 1970 година, ФИФА донесе одлука за изработка на нов пехар за десеттото светско финале во 1974 година. Артисти од седум земји од светот предложија вкупно 53 дизајни за новиот изглед на престижниот трофеј, каде делото на италијанскиот скулптор Силвиа Газанига на крајот ги освои симпатиите на светските фудбалски експерти.

“Линиите се извиваат од основата, продолжувајќи во спирали, ширејќи се да го опфатат светот“ рече Газанига, притоа опишувајќи ја својата креација. “Од извонредните динамични тензии на компактното тело на скулптурата се издигнуваат фигурите на двајца спортисти во возбудливиот момент на победа.”

Пехарот на фудбалското Светско првенство останува засекогаш во сопственост на ФИФА и не може да го добие ниту една земја. Моменталниот пехар е висок 36.8 цм, изработен е од чисто 18 каратно злато и тежи точно 6,175 кг. Базата содржи два слоеви од полускапоцен малахит, додека пак на долната страна на пехарот се гравира името на секој победник на фудбалските светски првенства почнувајќи од 1974 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 02:38