FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 73 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

73 - На 18 јуни домаќинот САД го започнаа фудбалското светско првенство во 1994 година пред 73.425 фанови, одмерувајќи си ги силите со Швајцарија на новоотворениот „Понтиак Силвердом“ на периферијата на Детроит.

Ова беше прв пат во историјата на првенствата да се одигра натпревар на покриен терен. Тревата беше одгледана на Државниот универзитет во Мичиген и потоа поставена на Силвердомот, кој беше домаќин на уште други, четири натпревари на првенството.

Вкупно 3.587.538 фанови, односно 68.991 по натпревар во просек, беа дел од светското првенство кое се одржа од 17 Јуни – 17 Јули во девет области ширум земјата, притоа поставувајќи два рекорди кои важат до денес.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 02:40