FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 72 дена до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

72 е бројот на години колку што вкупно постоеја фудбалските светски првенства пред конечно да се одржи во Азија. На 31 мај 1996 година, ФИФА најави дека домаќини на 17 – тото издание на најголемиот фудбалски настан ќе бидат Република Кореја и Јапонија. Одржувањето на фудбалското светско првенство за прв пат на најголемиот и најнаселен континент донесе огромни возбудувања и неколку шокови – вклучувајќи ја победата на Сенегал над шампионот Франција на почетниот натпревар и испаѓањето уште во втората групна фаза заедно со моќната Аргентина.

За разлика од ова, Јужна Кореја, благодарение на огромната домашна подршка, стана првиот азиски тим кој стигна до полуфиналето, каде всушност заврши четврта по ред. Сепак, светскиот фудбалски трофеј повторно ќе заврши во рацете на Бразил, кој инспириран од феноменалните голови на Роналдо, победи на сите седум натпревари и ја освои светската титула по рекорден петти пат.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 02:41