FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 71 ден до самиот старт!

За нешто помалку од 3 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

71 – е бројот на голови кој е постигнат на 20 – те финалиња на фудбалските светски првенства одржани до денес. Првиот од нив беше постигнат од страна на Уругваецот Пабло Дорадо на првото финале во 1930 година, што на Уругвајците им донесе победа од 4-2 над Аргентина, додека пак последниот беше постигнат од Германецот Марио Геце, исто така против Аргентинците, носејќи победа од 1-0 на Германија во Бразил 2014.

Англичанецот Геоф Хрст го држи рекордот за најмногу постигнати голови во светските финалиња, кој со три постигнати гола и помогна на неговата земја со 4-2 да ја порази Западна Германија во 1966 година.

Други тројца играчи исто така постигнаа три гола во финалињата, но им беа потребни две од нив за да ја постигнат истата бројка: колегите Бразилци Вава (1958 и 1962) и Пеле (1958 и 1970) и Французинот Зинедин Зидан (1998 и 2006). Италијанците Џино Коласи и Силвио Пиола постигнаа два гола во победата од 4-2 на нивната земја над Унгарија во 1938 година додека пак Германецот Хелмут Ран (во 1954), Аргентинецот Марио Кемпес (во 1978) и Бразилецот Роналдо (во 2002) се трите играчи кои низ 88 годишната историја на најголемото првенство во светот на фудбалот, исто така постигнале два гола во финалето.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 02:43